СО НЕГОВИТЕ КАРИКАТУРИ , МИЛЕ МАНЧЕВСКИ ДАВА ПОДДРШКА НА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ А ВОЕДНО ТИЕ СЕ СВЕДОЦИ НА ЕДНО ВРЕМЕ КОГА ВЛАДЕЕ КОВИД ПАНДЕМИЈАТА.

Изложбата на карикатури на тема корона од авторот Миле Манчевски од Велес, синоќа беше отворена во Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“ во Гевгелија, каква случајност, на 14 јули, денот на Светите врачи Козма и Дамјан, заштитници на лекарите.
Изложбата за отворена ја прогласи уметницата Мирјана Крстева Массети, која истакна дека карикатурата како инструмент за комуникација во време на корона е неверојатно блескав момент и дека карикатурите на Манчевски динамично кореспондираат со менталниот конструкт на реципиентот, бидејки тие се забавни, хумористични и. пред се оригинална.“
Пред присутните љубители на карикатурата, меѓу кои имаше и доктори и пратеници и колеги уметници, авторот накратко образложи зошто се одлучил да црта карикатури за една болест која ги изненади сите и внесе многу црнила во сите наши животи.
„Сакав, истакна Манчевски, да дадам логистичка поддршка пред се на сите здравствени работници, вклучително и за мојата сопруга, која е началничка на Инфективното одделение во Велес, за кои оваа пандемија беше не само огромен предизвик, туку и големо непознато. Таа ми беше еден линк меѓу короната и карикатурата, бидејќи ги споделуваше со мене и убавите но и, за жал, црните секојдневни настани во болницата каде што работи. Така настануваа и по две три карикатури дневно, до сега се на број 1250, а на оваа изложба се претставувам со 100.
Докторот по медицина, Јован Узунов, кој на покана на авторот се обрати на присутните рече дека борбата против короната ја водиме и денес, заеднички, сплотено. Се надевам, рече тој, дека човековото достигнување ќе биде доволно силно за да на крај, сите заедно да извојуваме победа и да се вратиме на “нормалниот“ начин на живот.
ОВИЕ КАРИКАТУРИ НА МИЛЕ, ЈАС ЛИЧНО, ГИ ДОЖИВЕАВ КАКО НЕГОВО ИНТИМНО ОРУЖЈЕ СОЗДАВАНО СО МОЛИВОТ В РАКА , СО КОЕ ТОЈ И ПОКАЖУВА СРЕДЕН ПРСТ НА КОРОНАТА, И ПРКОСИ В ЛИЦЕ И КАКО ДА И ПОРАЧУВА„НИЕ, ЛУЃЕТО, УМЕТНИЦИТЕ ИСТО КАКО И ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И ОВОЈ ПАТ ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ КАКО ПОБЕДНИЦИ. КАКО ШТО ЛЕКОВИТЕ ЈА ПОБЕДУВААТ БОЛЕСТА, ТАКА СМЕАТА И ШЕГАТА СЕКОГАШ ЈА ПОБЕДУВААТ ТРАГЕДИЈАТА

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *