СО ДРЖАВНА КАМПАЊА ОД 80.000 ЕВРА И СО ПОСЕТАТА НА ЕСКОБАР ЌЕ СЕ УБЕДУВААТ ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ДА ГЛАСААТ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска ја промовираше кампањата „Ние сме Европа“ и најави дека караванот ќе опфати осум градови со повеќе теми и тоа Скопје каде темата ќе биде економија, Струмица – труд и социјална политика, Прилеп – земјоделие, Битола – култура, Охрид – туризам, животна средина, Тетово – млади, Штип – инфраструктура и Куманово – енергетика
 
Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, пак, утре доаѓа во посета на Македонија. Ескобар ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, потврдија за МИА од кабинетот на шефот на државата. Предвидено е да има средба и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
 
Денеска Европа, светот прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и овие 44 да изгласаат предавнички уставни измени во парламентот скроени по бугарски диктат. Мора да се обединиме, да застанеме околу заедничката цел, а тоа е огромна победа на следните избори, силни реформи и Македонија онаква каква што сите ние си ја сакаме, и децата дома да ни останат“, по овој повод изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *