СЛЕГУВАЊЕ НА СВЕТИОТ ДУХ – ПЕДЕСЕТНИЦА, РОДЕНДЕН НА НАШАТА ЦРКВА

Денес, на денот на Педесетница, ни се дава неискажлива благодат. Зашто она што на овој ден се случило со апостолите и Пресвета Богородица во горната одаја , истото се случува и со секој од нас, кога непосредно после крштението, биваме помазани се свето миро, како „печат од дарот на Светиот Дух“.

За секој од нас ова е наша лична Педесетница: Светиот Дух, Кој во вид на огнени јазици видливо слегол над апостолите, сега слегува над секој од нас, невидливо, но сепак, не со помала сила. Секој станува „помазаник“, секој е запечатен со благодатта на Утешителот. 

Од моментот на нашето крштение или миропомазување, Духот Свети, заедно со Христос, доаѓа кај нас и пребива во најдлабокиот храм на нашето срце. Меѓутоа, ако не соработуваме со благодатта Божја, ако со својата слободна волја не започнеме борба со самите себе заради извршување на Христовите заповеди – тогаш присуството на Светиот Дух во нас останува скриено и без плод. 

Токму затоа, наша света христијанска должност е преку добродетелен и светотаински живот во Црквата, постојано да ја бараме благодатта на Светиот Дух; и кога на тој начин онаа педесетничка искра на Духот, присутна во секого од нас после крштението, ќе се разгори во жив пламен – тогаш Духот ќе ги принесе Своите плодови. Негови, пак, плодови се овие: „љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост. Против такви нема закон“ .

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *