МИТКО КРЏЕВ: СИТУАЦИЈАТА СО КОВИД ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА Е КРАЈНО ЗАГРИЖУВАЧКА

СИТУАЦИЈАТА СО КОВИД ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА Е КРАЈНО ЗАГРИЖУВАЧКА, РАСТЕ БРОЈОТ НА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ

Како последица на наглиот пораст на ново регистрирани позитивни во поседните 10 дена енормно порасна бројот на дневни пациенти во амбулантата на ковид модуларната болница, изјави за ТВ Нова 12, директорот на Општата болница со проширена дејност во Гевгелија.


„Во едно деноноќие се прегледуваат и до стотина пациенти. Бројот на хоспитално згрижените пациенти е забележително покачен. Моменталната бројка е 20 пациенти, 10 во модуларната ковид болница и 10 во адаптираното невро психијатриско одделение, што значи исполнетост а е до максималните можности. На дневна терапија се третираат околу 50 пациенти. Отежувачка ситуација е и зголемениот број на здравствени работници од сите профили што го компензираме со системот на ротација, но и тој е со лимитирани можности. 

Во насока на амортизирање на оваа крајно загрижувачка ситуација и подобрување на вакциналниот статус на населението во Гевгелија и околните општини, превзедовме иницијатива за вакцинирање на заинтересираните граѓани на нивните работни места, во организации и фирми кои имаат поголем број на вработени. Се надеваме на позитивен одговор од нивна страна, со што дополнително ќе ги подобриме перформансите за справување со пандем.“, изјави директорот Крџев.


Инаку, од 1 јануари до 30 јануари, бројот на регистрирани позитивни случаи во Гевгелија е 572, додека за жал, во истиот период починале 10 граѓани. 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *