СИНЕДЕЈС – EВРОПСКО ПАТУВАЧКО КИНО ПОД ОТВОРЕНО НЕБО ВО ГЕВГЕЛИЈА

Европското патувачко кино под отворено небо како загревање за Синедејс, секоја година патува во три различни градови ширум земјата и прикажува нови европски филмови, признаени од европската критика и сакани од европската публика.
 
Годинава, фестивалот почнува во Тетово на 14 и 15 јуни на платото пред Europe House Тетово (Дом на културата), а потоа патува во Крушево на 21 и 22 јуни пред споменикот „Македониум“ и во Гевгелија на 28 и 29 јуни на платото пред Домот на културата.
 
Европското патувачко кино во Гевгелија ќе почне во петок, 28 јуни, со проекција на краткиот филм „Кутии“ во режија на Ангела Димеска по што ќе следи филмот „Ефтеркланд: Македониум бенд” и концерт на бендот ДАКТИЛИ од Струмица. Во сабота, 29 јуни, ќе биде прикажан филмот „Паднати Лисја“ во режија на Аки Каурисмаки, по што ќе следи разговор со филмските критичари Златко Ѓелески и Влатко Галевски и проекција на филмот „Имиња“ во режија на Јане Спасиќ.
 
Проекциите започнуваат во 20.30 часот, а влезот е бесплатен..
Новина оваа година е тоа што Европското патувачко кино под отворено небо во сите три градови ќе го прикаже музичкиот документарен филм „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во режија на Андреас Јонсен, кој премиерно беше прикажан на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм „CPH:DOX” во Копенхаген, Данска, воодушевувајќи ја публиката и критиката, а кој претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум” во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *