СИЛНИТЕ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО БИХ ПОЧУВСТВУВАНИ И ВО МАКЕДОНИЈА. ЕДНА ДЕВОЈКА ЗАГИНА ВО СТОЛАЦ.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчеравечер, на 22.04.2022 година регистрираше земјотрес 296 км северозападно од Скопје кој потекнува од територијата на Република Босна и Херцеговина, 42 километри југоисточно од градот Мостар.
Земјотресот беше почувствуван од граѓаните во Скопје, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.Најсилниот земјотрес имал интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала а епицентарот бил на 16 километри од местото Столац. Една девојка загина,кога на нивната куќа паднала карпа, а причинета е значителна материјална штета.
Најмногу материјална штета е пријавена во местата Љубиње, Билеќа и Столац, Според првичните информации, потресот траел повеќе од една минута.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *