СЕДУМ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЛИКОВНИОТ УМЕТНИК И ПРОФЕСОР ЃОРЃЕ ЗАРЛИНОВ

Пред седум години, на денешен ден, почина еден од најоригиналните ликовни уметници кај нас, Ѓорѓе Зарлинов.

Зарлинов е роден на 4 април 1941 година во Смоквица, Гевгелиско. Средно уметничко и Педагошка академија завршил во Скопје. Се вработува како професор по ликовна уметност во СОУ „Јосиф Јосифовски“, а од 1985 година продолжува со работа како професор во ООУ „Владо Кантарџиев“, каде работи се до своето пензионирање. Член бил на ДЛУГ и учесник на повеќе групни ликовни изложби во Гевгелија, Скопје, Прилеп. Велес, Дојран, Охрид, Струмица…
 
Познат е по неговиот специфичен, реалистичен ликовен израз на сликање на македонски етно мотиви и фрески, кои и ден денес будат воодушевување кај сите вистински вљубеници на ликовната уметност во Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *