СЕ ПЕНЗИОНИРА НАЈСТАРИОТ ДИ ЏЕЈ НА СВЕТОТ, 96 ГОДИШНИОТ ЧИЧКО РЕЈ КОРДЕИРО

Најстариот диџеј на светот, 96-годишниот Реј Кордеиро, го одработи своето последно радио шоу. Тој беше водител повеќе од седум децении, објави „Би-Би-Си“.
Реј Кордеиро им се заблагодари на слушателите и ја заврши својата емисија „All The Way With Ray on Saturday Night“.
 
„Па тоа е тоа. Ви благодарам многу што ја вклучивте програмата, збогум, ви благодарам што дојдовте“, рече диџејот, познат како чичко Реј.
Неговата програма се емитуваше на јавниот сервис во Хонг Конг од 1970 година.
 
Тој е познат по својот баритон, капа и најслушани плејлисти, а во 2000 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како диџеј со најдолг стаж во светот.
Кордеиро, кој е роден во Хонг Конг и има португалско потекло, во неодамнешното интервју истакна дека тој е „најсреќниот човек на светот“ затоа што ужива во својата работа.
Во живописна 72-годишна кариера, тој се сретнал со некои од најголемите ѕвезди како Битлси, Клиф Ричард и Тони Бенет.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *