СЕ КОМПЛИКУВА СИТУАЦИЈАТА ОКОЛУ УКРАИНА:

ГЕРМАНИЈА ЌЕ И ИСПОРАЧА „СТИНГЕРИ“ И ПРОТИВТЕНКОВСКИ ПРОЕКТИЛИ НА УКРАИНА.
 
На вонредната седница на Бундестагот денеска, германскиот канцелар Олаф Шолц ја образложи одлуката на Германија да испорача оружје на Украина, велејќи дека Русија треба „да отстапи од воениот курс“.
 
„Имаме задача да го одвлечеме рускиот претседател Владимир Путин од неговиот воен курс. Не беше возможно да се даде друг одговор на агресијата на Владимир Путин“, изјави Шолц пред Бундестагот, објаснувајќи ја одлуката за испорака на оружје за Украина. .
 
„Ова е пресвртница во историјата на Европа. Светот повеќе нема да биде ист по нападот на Путин на Украина“, рече Шолц.
Тој рече дека вториот чекор што го презема германската влада во саботата е да ја исклучи Русија од финансискиот систем Свифт.
„Руското раководство многу брзо ќе ги почувствува санкциите на своја кожа“, рече Шолц.
Шолц нагласи и дека Путин „не смее да ја потцени нашата подготвеност решително да ја браниме секоја педа од територијата на земјите-членки на НАТО“.
 
Германскиот канцелар најави дека владата ќе започне процес на зајакнување на армијата на германскиот Бундесвер и дека Германија ќе го исполни барањето на другите членки на НАТО и ќе ги зголеми воените расходи на 2 отсто од БДП.
Во саботата, германската влада одлучи да се откаже од сегашната позиција да не доставува оружје за кризните подрачја и испорача 500 ракети Стингер и 1.000 противтенковски проектили на Украина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *