СЕ ГРАДИ ПАТОТ ДО „ТОПЛИК“, КАКО ИДЕН РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР

Започна изградбата на патот до местото викано „Топлик“ во Општина Гевгелија. Овој проект, по успешната апликација на Општина Гевгелија со Проектот: „Пристап до земјоделско земјиште“ на Јавниот повик, се реализира со одобрени средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Вкупната должина на патот е 560 метри, а неговата изградба е во вредност од 851.439 денари. Заради потенцијалот на местото викано „Топлик“ , кој би требало да прерасне во рекреативен центар што ќе го користат граѓаните на општина Гевгелија, изработен е основен проект за реализација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *