СЦЕНСКА АДАПТАЦИЈА НА ОРА И ПЕСНИ „МЕГЛЕНСКИ ВЛАСИ ОД УМА И КОНСКО“

Ансамблот за традиционална музика и игри „Бојмија“на 5 ноември 2021 година од 19,30 часот пред присутните ќе ја претстави Сценската адаптација на ора и песни „Мегленски Власи од Ума и Конско“.
Меглено Власите се мала источнороманска етничка група, чија татковина е Мегленската област лоцирана во некогашна Егејска Македонија, во северниот дел на Грција долж денешната граница со Македонија.
Мегленските Власи живеат во префектурите Пела и Кукуш, кои денеска се во Грција и во селото Хума, во Македонија. За разлика од нивните браќа Власи Цинцари, Каракачани и Фаршериоти, тие никогаш не биле номадски сточари, туку селани кои живееле од земјоделство. Дел од Мегленските Власи биле исламизирани во 18 век. Се проценува дека ги има меѓу 12.000 и 20.000.
Зборуваат источноромански јазик наречен меглено-влашки . Точното потекло на Мегленските Власи не е познато, а постојат повеќе теории. Се претпоставува дека се работи за постар етникум на Балканот кој е романизиран. Се претпоставува дека меѓу оваа група има примеси на Словени или Печенези, а има и влијание на словенските јазици во самиот јазик.
Во 1900 година., гевгелискиот регион, дом на најголемиот број мегленски Власи, имал 49.315 жители, од кои 20.643 биле Македонци, 14.900 Турци, 9.400 христијани Цинцари и мегленски Власи, 3.500 муслимански Мегленски Власи, 655 Роми и 187 Черкези .
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *