САШКО СТОИЛОВСКИ ИМЕНУВАН ЗА ВД ДИРЕКТОР НА ЈЗУ ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА НЕГОРЦИ

Сашко Стојиловски, роден е на 02.04.1985 година во Велес, во брак, татко на две ќерки. Основно образование завршува во ООУ Климент Охридски Миравци со одличен успех.
 
Средно гимназиско образование завршува во СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија во генерација 1999/2003 година.
Во 2003 трета година запишува правни студии на Правен факултет Јустинијан Први во Скопје при УКИМ. Завршува правен факултет во 2007 година со одличен успех.
Во 2008 година запишува магистерски студии по казнено право кои ги завршува со одличен успех и се стекнува со титула магистер по казнено право.
 
Во 2008 година се вработува во ЈЗУ Психијатриска болница-Негорци, Гевгелија на работно место правник. Подоцна е имануван за раководител на сектор за административно-правни работи.
 
Во 2021 година е избран за советник во Советот на Општина Гевгелија каде е и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Со Решение на Министерот за здравство на Република Македонија на 23.08.2024 година е имануван за ВД Директор на ЈЗУ Психијатриска болница-Негорци, Гевгелија.
 
Во ЈЗУ Психијатриска болница-Негорци Гевгелија има работен стаж од 16 години и важи за добар познавач на состојбите во институвијата каде е именуван за директор, а и за целокупната сотојба во македонското здравство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *