РЕАЛИЗИРАНА УШТЕ ЕДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА, СОБРАНИ 50 КРВНИ ЕДИНИЦИ
Црвениот крст Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на ден 30.11.2022 (среда) во просториите на Народниот театар во Гевгелија, успешно реализираше граѓанска крводарителска акција.
Во периодот од 10 до 16ч. вкупно крв даруваа вкупно 50 крводарители.
Од Црвениот крст се благодарни на ваквиот одзив од хуманите гевгеличани кои даруваа крв, а воедно ги охрабруваат и останатите граѓани да даруваат крв и да дадат свој придонес во хуманиот чин за спас на нечиј живот.