Oд Ракометната федерација на Македонија денеска официјално потврдија дека на 4 септември(среда) 2024 година со почеток во 19.00 часот во спортска сала „26-ти април“ во Гевгелија ќе се одигра Супер Куп натпреварот помеѓу екипите на Шампионот за натпрeварувачка сезона 2023/24 РК Еурофарм Пелистер и освојувачот на Куп на Македонија 2024 РК Алкалоид.
Натпреварот ќе биде емитуван во живо на програмата на МРТВ.
Пред почетокот на новата ракометна сезона вообичаено се одигрува и меч од Супер купот. Иако постоеа најави дека домачќин ќе биде Скопје и СЦ „Борис Трајковски“, сепак тој меч ќе се игра во Гевгелија.
Претстојното издание на Супер Купот ќе биде седмо, а првиот натпревар се играше во 2017 година.