РАКОМЕТАРИТЕ НА „ПАРТИЗАН“ НА ДЕЛБА НА ПРВОТО МЕСТО ВО ПЛЕЈ АУТ ПРВОЛИГАШКАТА ЛИГА

Екипата на Партизан пред својата публика, во салата „26 Април“, успеа да го победи Астраион со 35:33 во натпревар од 10-то коло во прволигашкиот плеј-аут.
Ова, за гевгеличани беше 6-ти триумф во вториот дел од сезоната и со новите освоени бодови, заедно со екипата на Овче Поле се на делба на првото место со по 20 бодови.

Ове е голем успех за младите ракометари на „Партизан, имајќи предвид дека расположивите играчи се сите од кадетската школа, освен двата голмани кои доаѓаат од Богданци, дополнети со стандардниот голман Ѓорге Костадинов.
 
Овие играчи, заедно со Димитар Атанасов, повратникот од скопски „Аеродром“, потоа Андреј Поповски, како и Никола Анакиевски од Делчево, според ракометните стручни лица, се една солидна екипа во која владее добра хемија меѓу играчите, која е гаранција за добри резултати.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *