„QUEEN„ ГИ ПРОДАВААТ ПРАВАТА НА ЦЕЛОКУПНИОТ НИВЕН МУЗИЧКИ КАТАЛОГ ЗА НЕВЕРОЈАТНИ 1 МИЛИЈАРДА ФУНТИ

Една од најголемите рок групи, Квин постигнале договор со Sony Music за продажба на нивниот целокупен музички каталог, заедно со трговски и други деловни можности. Според списанието Variety, единствениот аспект од приходите на бендот што не е вклучен во договорот ќе биде од настапите во живо. Изворите на Variety тврдат дека договорот изнесува неверојатни 1,27 милијарди американски долари (1 милијарда фунти), што ја прави најголемата аквизиција од ваков вид досега.
 
Во 2021 година, Брус Спрингстин го продаде својот каталог на Sony за околу 500 милиони долари (393 милиони фунти). Во 2022 година, Sony го купи целиот каталог на Боб Дилан во договор. Сони, исто така, стекна 50 отсто учество во музичкиот каталог на Мајкл Џексон за околу 600 милиони долари (471 милион фунти).. Според документите на компанијата, преживеаните членови на Квин – Брајан Меј, Роџер Тејлор, Џон Дикон – и имотот на починатиот фронтмен Фреди Меркјури се еднакви акционери во Queen Productions Ltd и пријавиле приходи од 52 милиони долари (40,8 милиони фунти) во 2022 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *