ПРВА ПОБЕДА НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА „КОЖУФ“ ВО НОВОТО ПРВЕНСТВО

Фудбалерите на тренерот Ѓоре Јовановски на домашен терен за прв пат се радуваа во новата второлигашка првенствена сезона. 

Во рамките на четвртото коло, гевгеличани беа подобри од екипата на радовишки Детонит Плачковица. Со головите на Костадинов и Кочев, тие славеа на Градскиот стадион во Гевгелија со 2-0.
 
По четири кола, гевгелискиот второлигаш, со една победа, еден нерешен натпревар и два порази има 4 бодови и се наоѓа на 11-то место на табелата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *