ПРОМОВИРАНА ПОЕТСКАТА КНИГА „МАКЕДОНСКИ НЕПОКОР“ НА ДРАГИЦА ДАГАЛЕВА

Љубовта кон својата татковина може да се искаже на повеќе начини. Нашата сограѓанка, Драгица Дагалева решила тоа да го направи преку убавиот пишан збор, издавајќи ја книгата поезија „Македонски непокор“. Во неа таа „сместила“ точно деведесет песни, кои вредно и со многу љубов ги создавала изминатите години.
 
Вчеравечер, во хотелот „Нар“, пред љубителите на поетскиот збор, се одржа промоцијата на оваа книга, чиј промотор беше Емилија Старделова. Не криејќи ја својата возбуда, авторката се обрати пред присутните, откривајќи дека сето она што е сместено меѓу кориците на оваа нејзина книга е „откорнато“ од нејзината душа и срце, и претставува ставање на хартија на нејзините размисли за убавината на родниот град, за гевгелиските војводи, за борбата на македонскиот народ за своја слобода, за нејзината баба Катерина, со еден збор за дел од своето минато.
 
Промоторот Старделова ќе потенцира дека „во песните на Дагалева ќе ја сретнеме Катерина, која го вее знамето на слободата, ќе ги лоцира загубените „ќерки“ на Македонија кои тежнеат да и се вратат на родната земја, го возвиѓува Леонид, војводата кој се борел храбро, со лавовско срце за татковината. Таа, вели Старделова, губи и добива, љуби и носталгично се сеќава. Страда, но и се помирува со тоа, затоа што сепак, силно верува. Верува во поестскиот збор, верува во моѓта на желбата“.
 
Инаку, Поетесата Дагалева е родена 1953 година во Гевгелија. Основното и средно образование го завршува во својот роден град, каде продолжува да работи, и да живее до ден денешен.
„Македонски непокор“ е нејзина прва книга на која работеше неколку години.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *