НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ДАВАЊЕ НА УСЛУГИ НА СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА

На Прес-конференцијата во Општинската организација Струмица, на која присуствуваа и Секретарите на ОО Црвен крст Валандово, Радовиш и Гевгелија, беа презентирани досегашните резултати од спроведување на проектот ,, Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ” поддржан од Агенцијата за развој од Австрија, како и од Црвениот крст на Македонија, Австрискиот црвен крст и Швајцарскиот црвен крст
Станува збор за нов проект на Црвен крст на РСМ преку кој обучени негуватели ќе обезбедат подобри социјални сервиси за стари и изнемоштени лица на кои им е потребна таква нега. Поради зголемен интерес за димензионирање на услугите од овој тип се нуди можност за избирање на пакети комерцијални услуги согласно потребите и желбите на корисниците и нивните семејства.
Досега се лиценцирани 63 негуватели преку регионалниот обучен центар во 4 образовни циклуси.
Вработени се две стручни лица кои ќе ги координираат активностите за испорака на услугата помош и нега во домот.
Преку Комисијата за лиценцирање на МТСП се лиценцирани два центри за испорака на социјални услуги ЦК Струмица и ЦК Гевгелија. Другите два во Валандово и Радовиш се во процес на лиценцирање.
Со имплементација на проектот се создава можност невработените лица да се стекнат со квалификација и да бидат поконкурентни на пазарот на труд и да се зголеми можноста за вработување на ранливото население а, со испораката на квалитетни социјални услуги ќе се влијае на подобрување на здравјето и добросостојбата на граѓаните во заедницата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *