Денес пред околу 300 ученици од ООУ „Крсте Мисирков“, во Пионерскиот дом се одржа претставата на ЗГ Поддршка, со наслов, “Сите сме еднакви” во изведба на ученици од ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија и ООУ”Ристо Шуклев”- Негорци.
Оваа драма е дело на здружението, истата беше работена под менторство на м-р Магде Ангова, писателка – авторка на книги за деца, психологот м-р Розита Андонова и Катица Џишева Дупарова – членки на здружение. Сценографијата е на уметниците Гордана и Михаил Петрови.
Драмата ги обработува темите: дискриминација, врсничко насилство и родово базирано насилство. Со оваа драма здружението ќе се обиде на учениците од основните и средното училиште од Гевгелија и нивните наставници да им ги потенцираат овие несакани појави во секојдневното живеење.
После изведбата се разви плодна дискусија со учениците кои отворено зборуваа за своите искуства и искуствата на своите блиски со дискриминацијата, насилството и врсничкото насилство.