ПРЕМИЕРА НА „ПРЕТПРЕМИЕРА“ НА НАЈМЛАДИТЕ АКТЕРИ ОД ДЕТСКОТО ДРАМСКО СТУДИО

Утре (28 декември, 2022 година), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот, најмалата возрасна група од Детското драмско студио при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија премиерно ќе ја изведe претставата „Претпремиера“.
– Претставата е спој од една Дедомразовска едночинка, стихотворби од „Зајче без опавче“, детски забавни едночинки и познати песнички, во која малите актери ќе ве поведат на незаборавно патување низ детските среќни денови, вели Катиџа Џишева Дупарова, режисер на претставата и раководител на Детското драмско студио, која со нетрпение очекува нејзините ученици да го презентираат сработеното во пресрет на Новата година.
Влезот е слободен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *