ПРЕД 151 ГОДИНА ОД СОЛУН ЗА СКОПЈЕ ТРГНАЛ ПРВИОТ ВОЗ

Првиот воз во Македонија тргнал по нецел половина век од пуштањето на првата железница во светот. Тоа се случило на денешен ден, 9 јули 1873 година, кога е пуштен во сообраќај првиот воз на меѓу Скопје и Солун.

Најпрво, во 1872 година,на 6 јуни, била изградена делницата од Солун до Миравци, а на 9 јануари 1873 се изгради и делницата од Миравци до Криволак.
Први железни вагони на шини се употребувале уште во 16 век во Германија и во Англија за превоз на ископана руда, а влечени од коњи. Англискиот инженер Џорџ Стивенсон (1781-1848) ја измислил првата парна локомотива во 1814 година, која имала моќ со брзина на пешак да влече неколку рударски вагони.
 
Првата јавна железница во светот е отворена на 27 септември 1825 помеѓу градовите Стоктон и Дарлингтон во Англија.
По пуштањето на првата јавна железница во Македонија помеѓу Скопје и Солун, во 1888 година се спојува вардарската со моравската железница.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *