ПОВТОРНО СЕ ФОРМИРА ШАХОВСКИОТ КЛУБ „7-МИ НОЕМВРИ“

Утре, во среда на 23 февруари 2022 година, со почеток од 18 часот,  свечено ќе бидат  отварени просториите  на шаховскиот клуб  7- ми Ноември 2021. Просториите се наоѓаат во Месната заедница, на улица „Маршал Тито“, позади зградата на стариот Извршен совет. 

Во минатото доста популарна игра меѓу гевгеличани беше  шаховската игра. Градската шаховска екипа „Ново поколение“, односно „7 Ноември“ во еден момент броеше и над 100 членови. Инаку, оснивач на овој клуб  во 1964 година беше познатиот доктор интернист Александар Сингер, кој негуваше блиско пријателство со многу познати југословенски и светски шахисти, а некои од нив, како Глигориќ, Лазаревиќ, Спаски, Гелер, Ивков и други играа симултанки во Гевгелија.

Најголем успех во шахот имаат постигнато Живко Јаневски, светски првак во проблемски шах,  Венци Попов, кој три пати беше младински првак на Македонија, и Ѓорги Прошев. Неколкумина ентузијасти, меѓу кои Пепи Танчев, Слободан Дачев, Борче Најдески, Борче Танчев, Петар Димов и Славчо Кочев, неодамна повторно го оформија Шаховскиот клуб „7 Ноември“, овој пат под име „7-ми Ноември 2021“. Претседател на Клубот е Пепи Танчев а секретар Слободан Дачев

Во Гевгелија имало и има вљубеници во шахот, така да реална е потребата  за повторно профункционирање на ваков градски клуб. Секако, и идејата за членување на млади во Клубот, кои преку шаховската игра ќе ја развиваат интелигенцијата и комбинаториката.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *