ПОСКАПО ЌЕ СЕ ВОЗИМЕ СО АВТОБУС ДО СКОПЈЕ, БИТОЛА И СТРУМИЦА
Од 15.02.2022, Вторник, Руле Турс изврши корекција на цените на билетите, па така билетот до Скопје ќе чини во еден правец 520 денари, додека повратниот билет изнесува 770 денари.
Автобускиот билет од Гевгелија до Битола чини во еден правец 550 денари, додека повратниот билет е 850 денари. Оние кои сакаат да патуваат од Гевгелија до Струмица ќе треба да платат 200 денари во еден правец.
Причините за новите поскапи цени се зголемување на трошоците пред се повисоката цена на горивото за автобуси и на резервните автобуски делови. На цените влијаело и прогласувањето на недела за неработен ден и тоа што ангажираните возачи и шалтерски службеници од јануари ќе добиваат и дневница за работа во со закон предвидениот слободен ден.
Цените за автобуските билети до останатите места се наведени подолу:
Гевгелија – Богородица – 40
Гевгелија – Стојаково – 40
Гевгелија – Богданци – 50
Гевгелија – Црничани – 120
Гевгелија – Дојран – 140
Гевгелија – Прдејци – 70
Гевгелија – Смоквица – 90
Гевгелија – Марвинци – 100
Гевгелија – Удово – 130
Гевгелија – Демир Капија – 230
Гевгелија – Неготино – 280 / 440
Гевгелија – Градско – 320
Гевгелија – Велес – 350 / 600
Гевгелија – Скопје – 520 / 770
————————-
Линиите остануваат исти:
ГЕВГЕЛИЈА – СКОПЈЕ
(Преку: Удово, Д. Капија, Неготино, Велес)
07:18 (Секој ден)
10:00 (Понеделник до Петок)
13:18 (Секој ден)
18:18 (Секој ден)
СКОПЈЕ – ГЕВГЕЛИЈА
(Преку: Велес, Неготино, Д. Капија, Удово)
08:30 (Секој ден)
11:00 (Секој ден)
14:00 (Понеделник до Петок)
18:00 (Секој ден)
———————————————-
ГЕВГЕЛИЈА – БИТОЛА
(Преку: Удово, Д. Капија, Неготино, Кавадарци, Прилеп)
05:30 (Понеделник – Сабота)
БИТОЛА – ГЕВГЕЛИЈА
(Преку: Прилеп, Кавадарци, Неготино, Д. Капија, Удово)
15:00 (Понеделник – Сабота)
———————————————-
ГЕВГЕЛИЈА – СТРУМИЦА
(Преку: Удово, Јосифово, Валандово)
06:30 и 14:30 (Понеделник – Сабота)
СТРУМИЦА – ГЕВГЕЛИЈА
(Преку: Валандово, Јосифово, Удово)
10:00 и 17:00 (Понеделник – Сабота
———————————————-
ГЕВГЕЛИЈА – ДОЈРАН
(Преку: Богданци, Црничани)
11:10 и 13:40 (Секој ден)
ДОЈРАН – ГЕВГЕЛИЈА
(Преку: Црничани, Богданци)
06:20 (Понеделник до Петок)
12:30 и 17:00 (Секој ден)
———————————————-
ГЕВГЕЛИЈА – БОГДАНЦИ
11:10 (Секој ден)
13:40 (Секој ден)
16:40 (Понеделник до Петок)
20:30 (Секој ден)
БОГДАНЦИ – ГЕВГЕЛИЈА
07:00 (Секој ден)
09:30 (Понеделник до Петок)
13:00 (Секој ден)
17:30 (Секој ден)
