ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО НАРЕДНИТЕ 40 ГОДИНИ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ НАМАЛУВААТ ВОДНИТЕ РЕЗЕРВИ

Многу научници предупредуваат на опасностите од климатските промени, поради што човечките жртви и финансиските трошоци во иднина би можеле да бидат многу високи.
Од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија наведуваат дека државата генерално слабо стои со вода, а недостигот од снег во текот на зимата и од врнежи во пролет и наесен придонесуваат за намалување на водните ресурси.
 
Според едно истражување, достапноста на водата во Македонија може да се намали за 18 проценти до 2100 година. До крајот на векот се очекува и Вардар да се намали за 20 проценти, а и нивото на подземните води во сливот на реката. Сливот на Брегалница ќе претрпи најголеми промени и се проценува дека ќе загуби четвртина од водата до 2100 година. Недостигот од вода ќе биде најизразен во источните делови од земјата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *