ПOЕЗИЈА И МУЗИКА НА ЕДНО МЕСТО ВО НАРОДНИОТ ТЕАТАР – „ДА ВОДИМЕ ЉУБОВ, А НЕ ВОЈНА“ СО МАРИН БАБИЌ

На 20.06.2021 (недела), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот во Народниот театар- Гевгелија ќе се одржи поетско-музичкиот настан „Да водиме љубов, а не војна!“ Настанот е во организација на Марин Бабиќ, а настапуваат: Огнен Јанески, Игор Узунов, Љупчо Шилоски- Шилото, Александра Трајчевска и Андријана, Светлана и Љупчо од „trio Bebuli“.
Марин Бабиќ, човекот кој ги топеше женските срца со своите романтични ноќни програми на Македонско радио, и идеен творец на „Глумците пеат“, сега со „Бебули“ прави камбек во сферата на елегантната поетска реч.
Имено, „Да водиме љубов, а не војна!“ е културен настан кој ќе биде исполнет со поезија и музика. Преку уметност ќе се испратат пораки на љубов и мир како универзални вредности, насушно потребни денес. За сите граѓани, влезот ќе биде слободен.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *