Марија Мендиола, половина од шпанското музичко дуо Baccara, најпозната по изведбата на култната диско химна „Yes Sir, I Can Boogie“, почина во саботата наутро во Мадрид на 69 годишна возраст.
Мендиола ја формираше Бакара во 1977 година со пејачката, Мајте Матеос, и двете ги забавуваа туристите на островот Фуертевентура како танчери на фламенко. Нивниот легендарен сингл „Yes Sir, I Can Boogie“ е продаден во повеќе од 16 милиони копии ширум светот.
Песната подоцна беше обработена од Софи Елис-Бекстор, The Фрателис и Голдфрап , а истата беше прифатена летово како неофицијална химна на Шкотска на фудбалскиот шампионат Евро 2020.
Во 1978 година, Бакара го претставуваше Луксембург на Евровизија а нивната песна „Зборувате ли француски?“ го зазеде седмото место.
Бендот потоа издаде уште два албума и се распадна во средината на ’80 -те години. Подоцна Мендиола ја „оживеа“ Бакара, каде Мариса Перез и се придружи како вокал. Таа се повлече од сцената во 2008 година, откако и беше дијагностициран артритис, и беше заменета со Кристина Севиља, која во саботата ја објави веста за смртта на нејзината колешка.