ПОБЕДНИЦИ НА ВТОРАТА ГЕВГЕЛИСКА ВИРТУЕЛНА НОВОГОДИШНА ТРКА ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ВО ЖЕНСКА И РИСТО ЧАЛКОВ ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА
На втората новогодишна виртуелна трка во Гевгелија, во должина од 5 километри, која се трчаше од 00:00 на 31.12.2021 година а требаше да се заврши најдоцна до 23:59 на 01.01.2022 година, учествуваа дваесеттина атлетичари на АК „7-ми Ноември“.
Се трчаше на точно одредена патека која започнуваше од кружниот тек кај поранешна Алатница. Во женска конкуренција првите три места ги освоија Валентина Узунова, Магдалена Јованова и Александра Крајчева, додека кај мажите Ристо Чалков, Никола Ковачев и Петар Лешев имаа најдобри времиња.