ПО ПОВОД 3-ТИ ЈУНИ, СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВЕЛОСИПЕДОТ, ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ ОРГАНИЗИРА РЕКРЕАТИВНО ВОЗЕЊЕ ГЕВГЕЛИЈА-НЕГОРЦИ-ПРДЕЈЦИ

По повод 3-ти јуни, светскиот ден на велосипедот, Гевгелија Точак Клуб организира рекреативно возење на делницата Гевгелија – Негорци – Прдејци.
Стартот на рекреативното возење ќе биде денес, недела, во 9 часот и 45 минути од пред просториите на ГТК кои се наоѓаат веднаш до Народниот театар.
 
Генералното собрание на ООН во април 2018 година, го прогласи 3 јуни за Светски ден на велосипедот.
Целта е да се посвети внимание на велосипедите во стратегиите за развој и нивно вклучување во меѓународните, регионалните, националните и локалните развојни политики и програми.
 
Резолуцијата ги потенцира придобивките на велосипедот како едноставен, сигурен, достапен, чист и еколошки одржлив начин на транспорт и го препознава велосипедот како средство за развој, поттикнувајќи ја креативноста и социјалното вклучување за обезбедување пристап до образование, здравје и спорт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *