ПЕТ ГОДИНИ ОД ДЕНОТ КОГА ЃОРЃИ НИКОЛОВ И ЏОКО ШУКЛЕВ ОД СТОЈАКОВО СО „РЕНО 4“ СТАРО 40 ГОДИНИ ТРГНАА ЗА КИНА

На денешен ден пред пет години, возачкиот тандем Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов од Стојаково, кои во 2018 година реставрираа возило „рено 4“ старо 40 години и со него патуваа до Франција и назад, тргнаа за Кина откако пакистанските власти не им гарантираа безбедност за планираната дестинација до Мумбај, Индија преку нивната држава, за да ја возат патеката на Мајка Тереза. 

За да докаже дека постарите возила може да издржат огромни дестинации, оваа двојка се одлучи да вози до Пекинг и со „реното“ да стаса до Кинескиот ѕид. Патот е долг 23.000 километри, што е многу повеќе од ланската дестинација до Ница, Франција каде беа на саем на олдтајмери. Maкедонците Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев направија еден навистина интересен спортски подвиг – со рено 4 минаа 23.000 километри!
На 19 јули, тие стигнаа и до кинескиот ѕид каде што го развеаа македонското знаме.
 
Имаа мала непријатност и морале да го остават реното на аеродромот во Уланбатор, Монголија. Според кинеските закони од таму морале да ангажираат туристичка агенција и шофер ако сакаат да продолжат со својот автомобил во Кина, до Пекинг продолжиле со авион.
За Македонија се вратија назад со реното кое ги чекаше во Уланбатор.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *