ПЧЕЛИТЕ МОЖЕ ДА ОТКРИЈАТ ИНФИЦИРАНИ ОД КОРОНАВИРУС ЗА НЕКОЛКУ СЕКУНДИ!

Данските научници научија пчели, кои имаат добро чувство за мирис, да откриваат примероци заразени со COVID-19 и ова откритие може да го скрати добивањето на резултатите од тестовите за коронавирус на неколку секунди.
За обука на пчелите, научниците од биоветеринарната лабораторија за истражување на универзитетот Вагенинген ги наградија овие инсекти со засладена вода откако им покажаа примероци заразени со коронавирус. Ако им се покажеле незаразени примероци, пчелите не би добиле ништо, пишува Ројтерс.
Техниката што ја користеле инсектите за наоѓање соединенија со мирис, била користена од Министерството за одбрана на САД во 90-тите години за да пронајде експлозиви и токсини, забележа Де Граф.
Молци, пчели и оси биле користени „за безбедносни цели, за откривање експлозив, но и за медицинска дијагностика“.
Добивањето резултати по тестирањето за COVID-19 обично трае со часови, а пчелите веднаш откриваат заразени примероци. Овој метод е исто така ефтин, така што може да им користи на земјите каде што тестовите се ретки.

Но, Дирк де Граф, професор кој студира пчели и други инсекти на Универзитетот во Гент во Белгија, верува дека оваа техника нема да ги замени конвенционалните форми на тестирање за COVID-19 во блиска иднина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *