ОТВОРЕНО ПРИФАТИЛИШТЕТО ЗА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА

Денеска, во присуство на вработени од Општина Гевгелија, како и на ЈПКД „Комуналец“ беше отворено Прифатилиште за бездомни кучиња.
Прифатилиштето за бездомни кучиња на ЈПКД „Комуналец Гевгелија, истакна при отворањето директорот Раско Чочков, со решение од Агенцијата за храна и ветеринарство за вршење на дејност за третман на бездомни кучиња, има капацитет за сместување на 13 кучиња, со можност за негово проширување.
 
Незгрижените кучиња од јавните површини(локални улици, патишта, тротоари, паркови, дворови на општински институции, по пријава од граѓани, преку сервисот Систем 48, или директно во ЈПКД „Комуналец“, се заловуваат од вработените стручни лица од Прифатилиштето, кои поминаа соодветна обука на факултетот за Ветеринарнна медицина.
 
По заловувањето, нагласи директорорт, кучето се скенира за утврдување на идентитетот на потенцијалниот сопственик. Доколку кучето не е чипирано и не се знае идентитетот на сопственикорт, кучето се евидентира во Ветеринарниот информационен систем и се регистрира како бездомно куче без сопственик.
За заловените кучиња со скениран чип и познат сопственик, постапката со сопственикот ја превзема овластениот Општински комунален инспектор.
Пред да се стави во карантинскиот оддел, заловеното куче се третира со хемиско средство против евентуални паразити.
 
До ставањето во функција на ветеринарната ординација на ЈПКД „Комуналец“, сите ветеринарни интервенции, како земање на крв за анализа, праќање до овластената лабораторија, третирање против болести, изведување на интервенции за стерилизација или евентуална евтаназија, напомена директорот Чочков, ги изведува ветеринарното друштво со кое е потпишан договор за соработка.
 
По извршените ветеринарни интервенции, по законскиот рок за рехабилитација, заловените кучиња се сместуваат во одделорт за дневен престој во Прифатилиштето на ЈПКД „Комуналец“
Преку социјалните мрежи( ФБ профил на Прифатилиштето), во наредниот период ќе бидат објавувани деновите во кои ќе биде организирана посета за граѓаните кои се заинтересирани за вдомување на кучињата од Прифатилиштето, кои успешно го минале тестот за социјализација.
 
Согласно одредбите од Законот за благосостојба на животните, кучињата кои успешно ќе го минат тестот социјализација а нема да бидат вдомени во законски утврдениот рок, ќе бидат обележани со жолти општински маркици и ќе бидат повторно пуштени на местото на нивното заловување.
Со отворањето на прифатилиштето, треба да биде решен еден од горливите проблеми во градот што го предизвикуваат кучињата- скитници, истакна на крајот, директорот Раско Чочков.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *