ОТВОРЕНА СЕНЗОРНА СОБА ВО ЦЕНТРАЛНАТА ГРАДИНКА „ДЕТСКА РАДОСТ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во ЈОУДГ „Детска радост“ во Гевгелија, во рамките на централната градинка „Детска радост“ вчера беше отворенa сензорна соба преку соработка на Министерството за труд и социјална политика и Амбасадата на НР Кина во нашата земја.
Според министерката Јованка Тренчевска, посветеноста на процесот на инклузија е очигледна и за тоа е показател внимателниот избор на опрема за сензорните соби, како што се ѕидови со вода со меурчиња, тешки ќебиња и пени за терапија, секоја приспособена да одговори на различните сензорни потреби на корисниците.
Има една поговорка во Македонија, оние кои сеат добра волја ќе жнеат и добра волја. Очекувам дека вакви „мали но убави“ проекти како сензорната соба ќе изградат уште повеќе мостови за меѓусебно разбирање и пријателство меѓу двата народи – истакна при отворањето, амбасадорот Ѕуо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *