ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА ФОТОГРАФИИ ОД ДИМИТАР НОВАКОВ

„ЗА ОНИЕ УБАВИНИ ШТО НОВАКОВ ЌЕ ГИ СНИМИ ЗА ЕДНА МИЛИСЕКУНДА, НА ЧОВЕК МУ СЕ ПОТРЕБНИ СТОТИНА ЗБОРОВИ.“
 
Изложбата, „Гевгелиски моменти“ на Димитар Новаков, беше отворена синоќа во во Уметничката галерија „Амам“, а во организација на Народниот музеј-Гевгелија.
 
Големиот број присутни на отворањето на оваа изложба, имаа можност да ги видат фотографиите од автентичната гевгелиска архитектура, фасади, улици и сокаци, пејзажи и видици кои го дефинираат вистинскиот идентитет (белег) на градот.
 
Изложбата ја отвори Александар Каракабаков, од Народниот музеј во Гевгелија, кој истакна дека за оние убавини што Новаков ќе ги сними за една милисекунда, на обичниот човек му се потребни стотина зборови.
 
Инаку, Новаков е современ фотограф од Гевгелија, кој почна да ја освојува македонската фотосцена со својот жар и творечка инвентивност и креирање на исклучително естетски визуелни решенија низ реалистичните фотографии, како и со мали примеси во употребата на магијата на електронската трансформација и трансмутација кај одредени фотографии.
 
Работи со документарна и објективна фотографија и досега има создадено доволен фонд на концепциски фотографии кои ги има групирано по серии и циклуси со што укажува на фатот дека твори систематски и осмислено, а не само инстинктивно и без предумисла.
 
Ова му е трета самостојна изложба во родната Гевгелија, има учествувано во повеќе групни изложби во земјата и странство, а воедно и ментор на одржани две фотографски работилници во склоп на Пионерски дом- Гевгелија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *