ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА МЕНСУР БОЈДА ВО БОГДАНЦИ

Во Богданци вчеравечер, во организација на Домот на културата „Бранд Петрушев“ и Графичката работилница„Софија“ од Богданци, беше отворена изложбата „Моите омилени нешта“ на ликовниот уметник Менсур Бојда. Изложбата ја отворија директорот на Домот, Бранко Сапламаев и уметникот Виктор Сапламаев.
Неговите дела, инспирирани од функционалноста, како и од изработката на пијано што создава разновидност на емоции, пораки и идеи од едноставен склоп на правила, на зададен редослед на црно-бели копчиња, предизвика неподелен интерес кај присутните.
Менсур Бојда, кој во моментов живее и работи во Њујорк е фигуративен експресионист и неговиот интерест досега се различни ликовни дисциплини како сликарство, цртеж, графика, скулптура, илустрација и стрип
Иако делата имаат скулпторски квалитети, Бојда инсистира да ги нарекуваат слики, принудувајќи не да ги гледаме како слики. Наспроти коментарот на Колтрејн за обезбедување слика за слушање, делата на Бојда ќе дадат звук на гледачот за тоа што би сакал да слушне или замислува да слушне, се кажа на самото отворање.
Изложбата беше збогатена со музички перформанс на Влатко Сапламаев и Панче Кралев.
.Досега Бојда има повеќе од 20 самостојни изложби и многубројни групни и останати проекти, а неговите работи се изложуваат низ Европа, Америка и Азија. Овие дела, кои за прв пат беа изложени во Њујорк во 2019 година, од галеријата во Домот на културата “Бранд Петрушев” во Богданци ќе патуваат во градот Курашики во областа на Окајама во Јапонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *