ОСКАР ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ ЗА „КОДА“, ОСКАР ЗА НАЈДОБАР ШАМАР ЗА ВИЛ СМИТ

Американската Академија за филмски уметности и науки синоќа по 94. пат ги додели наградите за најдобри филмски остварувања.
 
„CODA“ доби уште еден Оскар – за најдобра машка споредна улога, кој го доби глувиот Трој Коцур и Оскар за најдобро адаптирано сценарио. Коцур наградата ја посвети на заедницата на глуви и лицата со посебни потреби.
Филмот е римејк на францускиот филм „La Famille Belier“ од 2014 година, во режија на Ерик Лартиго, додека насловот на филмот „CODA“ е кратенка за „Дете на глуви возрасни“.
 
Фаворит на Оскарите со 12 номинации беше мрачниот вестерн „Моќта на кучето“ на Џејн Кемпион, кој го освои Оскар за режија. Таа е третата жена која освоила Оскар во таа категорија по Кетрин Бигелоу (2010) и Клои Жао (2021).
Во 1994 година, новозеландскиот режисер доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио за „Пијано“.
 
Смит, кој доби Оскар за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“ посветен на тенисерките, сестрите Серена и Венус Вилијамс, предизвика инцидент во текот на вечерта, но потоа се извини.
Актерот се качи на сцената и беше видно лут, му удри шлаканица на комичарот Крис Рок, кој се пошегува на сметка на избричената глава на Вил, сопругата Џејд Пинкет Смит, која боледува од алопеција, значително губење на косата.
 
Смит му рекол на Рок да ја остави сопругата на мира, додека комичарот по шамарот рекол дека тоа е „најголемата ноќ во историјата на телевизијата“. Рок ја спореди избричената глава на сопругата на Вил со избричената глава на Деми Мур во филмот на Ридли Скот од 1997 година, GI Jane.
Љубовта те тера да правиш луди работи“, рекол актерот при примањето на наградата.
 
„Дина“ на Дени Вилнев со вкупно 10 номинации освои четири Оскари во техничките категории, а доделувањето на овие награди беше однапред снимено, како што претходно најави Академијата.
Џејн Кемпион доби “Оскар“ за најдобра режија за „Моќта на кучето“. Филмот доби само еден „Оскар“ од рекордните 12 номинации.
 
„Оскарот“ за најдобра актерка во главна улога заврши во рацете на Џесика Честејн, за филмот „Очите на Теми Феј“.
 
Вил Смит го освои својот прв „Оскар“за најдобар актер во главна улога, за филмот „Крал Ричард“.
Повеќе светски медиуми кои известуваа во живо од синоќешниот холивудски спектакл коментараа: „За жал, триумфалната победа на ‘КОДА’ беше целосно засенета од Вил Смит, кој му удри шлаканица на комичарот Крис Рок.“
 
Медиумите, исто така, потенцираат дека овогодинешната церемонија беше и трка на стриминг-платформите. „Кода“ на „Епл“ го победи „Моќта на кучето“ на „Нетфликс“ со историското освојување на „Оскар“.
 
Филмот на „Епл ТВ“, за тинејџерка која се соочува со дилема дали да ги оствари своите музички соништа или да остане дома со своите родители со оштетен слух, стана први филм за стримување кој освоил „Оскар“ за најдобар филм.
Претходно сметан за аутсајдер, „Кода“ го победи претпоставениот фаворит, меланхоличниот вестерн на Нетфликс, „Моќта на кучето“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *