Од денес започнува со работа новиот систем за електронска наплата на сите даночни обврзници во нашата општина. Системот е изработен на квалитетна платформа и ќе работи во соработка со познатиот платежен систем КаСис.
Овој проект на Општина Гевгелија и даночното одделение има за цел да го поедностави начинот на плаќање на нашите сограѓани, но и да не доближи до светските трендови во сферата на работењето со платежни картички и новите начини и канали на плаќања.