ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ТУРИСТИЧКИ ПОТЕНЦИЈАЛ НА 43-ОТ САЕМ НА ТУРИЗАМ ВО БЕЛГРАД.

На тридневниот настан, од 24 до 27 март, 2022 година, на 43-от Меѓународен саем на туризам во Белград, Република Србија, Општина Гевгелија, преку рекламен материјал ги промовираше туристичко-угостителските потенцијали и капацитети, бањскиот, планинскиот и казино-туризмот во општината. Исто така со презентација пред присутните туристички работници, медиумите и сите присутни во салата за конференции, општина Гевгелија го претстави својот туристички потенцијал.
 
Луѓето кои го посетуваа штандот на кој се претстави Општина Гевгелија, биле пријатно изненадени од туристичката понуда на Гевгелија како, Општина. Голем дел од нив ја познаваат местоположбата и се заинтресирани за посета. Покрај граничниот премин Евзони со Република Грција и коридорот 10 со автопатот Е-75, општина Гевгелија претставува одлична стоп дестинација за сите туристи.
 
Во мојата предизборна програма, напиша на својот фејсбук профил по повод ова претставување на Белградскиот саем, градоначалникот Андон Сарамандов, еден од четирите столба е развој на Туризмот во општина Гевгелија. Затоа, вели Сарамандов, пред одржувањето на Саемот, јас ги поканив сите чинители на туризмот во општина Гевгелија, со свои материјали и предлози да учествуваат во креирањето на туристичката понуда за саемот.
 
Верувам дека ова наше претставување на овој престижен Туристички саем во Белград, кој секоја година привлекува повеќе од 1000 изложувачи од над 50 земји, е само прв поттик сите заедно, локалната самоуправа, туристичките работници и претставници на гевгелиските стопански чинители, во иднина да работиме уште по посветено на промоцијата на Општина Гевгелија како привлечна туристичка дестинација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *