ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА АПЕЛИРА ДО ГРАЃАНИТЕ: ТОПЛОТО ВРЕМЕ ОПАСНО ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ОПАСНОСТ ЗА НАСТАНУВАЊЕ ПОЖАРИ
Нашата држава деновиве е среде топлотен бран, а екстремно топлото време ќе продолжи.
Општина Гевгелија упатува апел до граѓаните, особено оние хронично болните и повозрасните и изнемоштени лица во никој случај да не излегуваат надвор во најтоплиот дел од денот и да се пијат многу течности.
Да се внимава при посети во шумите и други пошумени или необраснати локации, да не користат запаливи материи кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери. Лицата кои во периодот на зголемени надворешни температури мораат да спроведуваат работни активности во пошумени или други локации, посебно при палење на сртништата да ги зголемат мерките на претпазливост за да не дојде до опожарување на околината.
Ги замолуваме граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места на кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 193 или 034/211-881.