ОДЛИЧЕН НАСТАП НА АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ НА ФОЛКЛОРНИОТ ФЕСТИВАЛ „ДОЈРАН 2021“

Ансамблот „Бојмија“уште еднаш пред публиката успешно го промовираше богатото македонско фолклорно наследство. Во петокот, на 16 јули, тие настапија на Меѓународниот фолклорен фестивал „Дојран 2021“. На публиката која го исполни Амфитеатарот во Стар Дојран, играорците од овој веќе афирмиран ансамбл од Гевгелија се преставија со кореографската постановка „Пијанец“ и за својот настап добија огромен аплауз на отворена сцена.
На фестивалот, кој се организираше во склоп на ИПА прекуграничната соработка помеѓу Македонија и Бугарија, освен „Бојмија“ свој настап имаа уште седум фолклорни групи, „Распеани Дојранчани“, „Бранд Петрушев“ од Богданци, „Цветови“ од Дедино, како и фолклорните ансамбли „Родољубие“, „Славеј“, „Струмски напеви“ и „Жива вода“ од Ќустендил.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *