ОДБЕЛЕЖАН 11 ОКТОМВРИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

„СЛОБОДАТА Е СТЕКНАТА СО ГОЛЕМА САМОЖРТВА НА ИЛЈАДНИЦИ БОРЦИ“

Македонија денес чествува 83 години од Денот на народното востание на македонскиот народ, со што започна востанието против фашизмот и битката за ослободување на македонскиот народ. По повод 11 Октомври, Денот на Народното востание, и Денот на борецот, делегации од Здружението на борците и граѓаните поддржувачи, локалната самоуправа, пензионерите, политичките партии, невладини организации и граѓани положија свежо цвеќе пред споменикот на Сава Михајлов.
Овој ден претставува продолжение на вековниот стремеж и она за кое се бореа илинденците и затоа и денес на многуте жртви да им оддадеме достојна почит за стореното дело, меѓу кои и на 74 херои од Гевгелија и гевгелиско, истакна Ангел Алчинов, секретарот на боречката организација.
На присутните им се обрати и ученикот од 8 одделение од ООУ „Владо Кантарџиев“, Алекса Насковски кој, меѓу другото потенцираше дека „денес кога славиме 83 години од почетокот на Народното востание на Македонија, ние, младата генерација им оддаваме почит на сите паднати борци за слобода и наша должност е да не заборавиме дека слободата е стекната со голема саможртва.“
Во народно ослободителната борба Гевгелија се вклучи 1943 година со формирањето на првиот партизански одред кој го носеше името на илинденецот Сава Михајлов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *