OД ДЕНЕС ЗАБРАНЕТО ДВИЖЕЊЕ НИЗ ШУМИТЕ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНА ОПАСНОСТ ОД ПОЈАВА НА ШУМСКИ ПОЖАРИ

Од денес, во временскиот период од 6 до 20 часот, стапува на сила забраната за движење во шума и ќе трае до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари. Забраната не се однесува за вработените во ЈП „Национални шуми” и за субјектите кои вршат шумско – културни активности на површините со кои стопанисува јавното претпријатие, како и за лица кои имаат писмено одобрение за движење во шумите.
Јавното претпријатие „Национални шуми” соопшти дека делумната забрана се воведува поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор како резултат на зголемените температури и се однесува на шумите и шумското земјиште со кои стопанисува на целата територија на земјата.
„Движење ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на претпријатието за подрачјето со кое стопанисуваат. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба“, информира претпријатието.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *