ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА 2022 ГОДИНА ЗА ПОДДРШКА НА КУЛТУРАТА СЕ ПРЕДЛАГААТ 1.600.000 ДЕНАРИ А ЗА СПОРТОТ 7.500.000 ДЕНАРИ

Советот на Oпштина Гевгелија, на својата 6-та седница, закажана за утре (петок, 11 февруари, 2022 година), ќе расправа за повеќе актуелни прашања. Советниците ќе ги разгледаат и Предлог програмите, во кои се утврдени програмите и проектите на носителите од областа на културата, како и спортските активности, од интерес на Општина Гевгелија, кои Општината ќе ги финансира од Буџетот за 2022 година.
 
На Конкурсот распишан за финансирање на Програми и Проекти од областа на културата кои се од интерес на Општина Гевгелија аплицирале 49 апликанти, за кои Градоначалникот на Општината предлага финансирање на 41 проект во вкупен износ од 1.600.000 денари.
 
На Конкурсот пак за Проекти и Програми од областа на спортските активност, Градоначалникот на Општина Гевгелија предлага да бидат финансирани 41 проекти и програми за што ќе бидат издвоени 7.500.000 денари.

Еден коментар за “ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА 2022 ГОДИНА ЗА ПОДДРШКА НА КУЛТУРАТА СЕ ПРЕДЛАГААТ 1.600.000 ДЕНАРИ А ЗА СПОРТОТ 7.500.000 ДЕНАРИ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *