ОД РЕЗИДЕНТНОТО НАСЕЛЕНИЕ МАКЕДОНЦИ СЕ 58,44%, АЛБАНЦИ 24,30%, 3,86 СЕ ТУРЦИ, 2,53% РОМИ, 0,94 СЕ ВЛАСИ, ДОДЕКА 0,87% СЕ БОШЊАЦИ.
Вкупното попишано население, во државата и надвор од неа изнесува 2 097 319 лица,
Од нив, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи, покажуваат податоците од Пописот 2021 што денеска ги соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.
Во Македонија вкупниот број на населението изнесува 1.836.713 милиони жители. Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население.
Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,44 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци.
Од нив, 50.4 % се жени, а 49.6 % се мажи. Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 % – се во возрасната група од 40-44 години. Куриозитет е што во Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години.