ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА: 20-ГОДИШНИНАТА НА ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР-ВРЕМЕ НА ТРЕЗВЕНО ПРЕИСПИТУВАЊЕ, НЕ ПРОСЛАВА

Во Скопје, на 13 август 2001 година бил потпишан Охридскиот рамковен договор, политички документ за решавање на кризата во Република Македонија. Документот го потпишале претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски и четворицата партиски лидери – на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДПА, Арбен Џафери и на ПДП, Имер Имери. На потпишувањето на документот присуствувале и високи меѓународни претставници.
Во соопштението по тој повод Обединетата македонска дијаспора испрати соопштение до медиумите во кое сае вели:
Денес, се навршуваат 20 години од потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор (ОРД), длабоко разделувачки договор што остави лузни врз македонското општество. Имајќи ја во предвид страшната состојба со опустошувачките пожари низ земјата, и зголемениот број на инфицирани од ковид-19, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), која долго време е против ОРД, ја повикува владата да ја откаже прославата и да ги пренасочи средствата од неа кон спасување на животи и имот. По милионските трошоци настанати од неодамнешниот Преспански Форум, зар на некому му е потребно додатно славење? Ја поттикнуваме владата да:
1. Заштеди пари.
2. Ги укине етничките квоти.
3. Промовира интеграција во образованието.
4. Се залага за владеење на правото.
Накратко, нема што да се слави на 20 годишнината од ОРД. Владата треба веднаш да ја откаже прославата и да ги пренамени средствата кон гасење пожари, вакцинирање граѓани, и инвестирање во јавното здравје. Владата треба да ги истражи пропустите на ОРД и искрено да се потруди да ги поправи. Тогаш, и само тогаш, ќе може да мисли за славење на јубилеи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *