Во Општата болница со проширена дејност во Гевгелија наскоро треба да пристигне најсовремен апарат за компјутерска томографија од производителот „Филипс“, што е дел од проектот на канцеларијата на Европската унија кај нас, изјави за ТВ Нова 12 директорот на Општата болница, др. Митко Крџев. Апаратот е еден од најсофистицираните томографи кои постојат на пазарот и е во вредност од 400.000 евра. Во моментот, истакна Крџев, се работи на адаптацијата на просторот во Одделот за Рентенологија каде што ќе се смести овој апарат.
Потоа, вели директорот, ќе се одвива и едукација на медицинскиот персонал од Рентген одделот во Институтот за радиологија во Скопје.
На овој апарат за компјутеризирана томографија , според зборовите на рентгенологот, др. Сашко Ризов ќе можат да се прават 128 пресеци, или стручно кажано слајсови, и да се скенираат главата, градниот кош, крвните садови, како и срцетото и абодменалните органи. Значи, вели Ризов, ќе може да се стави акцент на рано откривање на одредена состојба, што би значело брзо излекување, а во исто време ќе нема потреба граѓаните од општина Гевгелија и пошироко да патуваат од еден град до друг.
Проектот на Европската унија опфаќа инсталација на три магнетни резонанси во Струмица, Прилеп и „Свети Еразмо“ во Охрид и пет компјутерски томографи во Куманово, Кавадарци, Гевгелија, Кичево и на Клиниката за пулмологија во Скопје,