НАИВАТА ВО МАКЕДОНИЈА-ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Национална установа Музеј – Гевгелија организира превземeна изложба и промоција на книга посветена на македонската Наива од авторот Гоце Божурски. Наивата, или наивистичката уметност има долга традиција во македонското сликарство, а нејзината историја за прв пат пред гевгелиската публика ќе биде презентирана во Уметничка галерија Амам – Гевгелија на ден 11 Март 2022 год., (петок) со почеток во 14:00 часот. Промотор на книгата и куратор на изложбата ќе биде Гоце Божурски. Проектот е реализиран со поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Со обемен текст на шеесеттина страни и околу сто колор репродукции, уживателите на уметноста ќе имаат прилика да дознаат за појавата и развојот на наивата во светски рамки, како и состојбата и спецификите на наивистичката уметност кај нас.  На овој начин, не само што, конечно и во наши услови, наивата добива институционална верификација, освен како естетска, таа се легитимира и како национална културна и уметничка вредност.

Меѓу овие (самоуки) автори, кои во отсуство на формално ликовно образование се потпираат исклучиво на сопствените внатрешни импулси и креативни потенцијали, освен светски познатиот и меѓународно признат уметник Вангел Наумовски, застапени се Ѓорѓе Шијаковиќ, Добри Трендафиловски-Добрин, Ристо Ристовски и Крсто Славковски (кои се припадници на основоположничката генерација) но и Боро Арсовски, Љубица Андреевска Љупка, Трајко Матевски Рисимкин, Стеван Поповски, Ангел Петровски, Љупчо Серафимов, Васко Ристовски и други сликари, како и скулпторите Живко Каровски, Стоимир Веселинов, Петар Давчев, Бранко Кајсторовски, Владо Стојанов, Живко Богатинов, Атанас Атанасов и Станимир Стојаноивски-Мичо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *