НАГРАДИ ЗА ТРАЈНИ ВРЕДНОСТИ НА ИДЕЈНИТЕ ТВОРЦИ НА ФЕСТИВАЛОТ „КАЛИНКА“

Заврши 21-то издание на фестивалот „Калинка 2023“, кој на македонската музичка сцена изминатите години испорача над 500 детски песни кои станаа познати не само на домашната, туку и кај меѓународната публика.
 
На завршната вечер беа доделени Наградите за трајни вредности на идејните творци на овој фестивал : Томислав Таневски, кој од самиот почеток на Калинка па се до 2000 година беше уметнички директор на фестивалот, Ѓорѓи Цуклевски, кој веќе не е меѓу нас, а кој до одржувањето на јубилејната 20 Калинка беше уметнички директор и Нада Ристова, долгогодишрн директор на Фестивалот.
 
Да потсетиме и на тоа дека како автори на музиката на „Калинка“ низ годините се појавија еминентни композиторски имиња какоТомислав Которчевиќ, Хилми Билбил, Ванчо Димитров, Никола Фириев, Мојца Седеу, Мирослав Костадинов, Ратко Пајдаков, Ѓорги Цуклевски, Д. Ристова.
Фестивалот „Калинка“, ја пишуваше својата музичка историја, влегуваше во секој дом, во секоја градинка и во секое училиште каде што има деца.ја градеше својата безвременска улога да ги прави радосни и среќни децата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *