НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА ЛИТЕРАТУРНИОТ И ЛИКОВНИОТ КОНКУРС ПО ПОВОД МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија им ги додели наградите, Дипломите и Благодарниците на учениците од основните и средното училиште во општина Гевгелија и нивните ментори, кои учествуваа на Конкурсите за есеи на темите: „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ и „Светот го разбирам како поле за …“, расказ на слободна тема и дизајн на корица од книга по повод Месец на книгата.
 
Имено, на Литературниот конкурс за расказ на слободна тема за учениците од основното образование, првонаградена е Јована Дупарова од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, под менторство на Зорица Митреска. Второнаградена е Симона Бојкова од ООУ „Владо Кантарџиев, под менторство на Елизабета ИнадескаЕфремова, а третонаградена Ирина Алчинова од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, под менторство на Вили Караколева.
 
Втората награда на Литературниот конкурс за есеи за учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија ја доби Ирина Прошева, под менторство на Жаклина Атанасва, а Третата награда Виолета Чугунцалиева, под менторство на Тони Аврамов.
Теодора Манчева од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, под менторство на Адриана Манчева, ја освои Првата награда на Ликовниот конкурс, Лазар Јаневски од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, под менторство на Михаил Петров- Втората и Теодора Ристова од ООУ „Климент Охридски“- Миравци, под ментoрство на Михаил Петров- Третата награда.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *