НА МЕМОРИЈАЛНИОТ БРЗОПОТЕЗЕН ТУРНИР „ВЕНЦИ ПОПОВ 2022“ ЌЕ НАСТАПАТ 85 ШАХИСТИ

Утре, недела, 21 август 2022 година, со почеток од 11 часот, во Негорските бањи, ќе се одржи првиот Меморијален турнир во брзопотезен шах „Венци Попов 2022“. Организацијата на овој турнир е на неговата фамилија и ШК 7-ми Ноември“ од Гевгелија.
 
Како што не информираше претседателот на Шаховскиот клуб „7-ми Ноември“, Петар Танчев, турнирот се организира во чест на великанот на гевгелискиот и Македонскиот шах, ФИДЕ Мајсторот, Венци Попов.
 
На овој прв турнир, кој ќе се игра по швајцарски систем, во 13 кола, по пет минути за една партија, учество ќе земат 85 шахисти од Македонија, Грција, Србија, Бугарија и Иран, а наградниот фонд изнесува 55.500 денари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *